Кратка фризура и препознатливиот црвен кармин: Фатиме Фетаи со нов имиџ кој одлично ѝ прилега

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи и новинарката Нора Шаќири се блиски пријателки, а тие две велат дека се повеќе како сестри.
Деновиве, Фетаи била на гости кај Нора за да го посети малиот Ијан кој се роди во време на пандемијата на коронавирусот, а од фотографиите може да се забележи дека синот на Нора и Марко е навистина пресладок, пренесува „Женски магазин“.


Но, големо внимание на фотографиите привлече и новиот изглед на Фатиме кој, мораме да признаеме, одлично ѝ прилега. Поранешната обвинителка ја скратила косата, а во комбинација со црвениот кармин по кој одамна стана препознатлива, таа изгледа совршено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.