Заврши средбата во Тирана меѓу премиерот на Албанија, Еди Рама и лидерите на албанските политички партии во Македонија.
По средбата, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари изјави дека средбата повеќе наликува на вечера за почеток на новата година.
Тој нагласи дека на средбата се разговарало за предизвиците што ги очекуваат нашите две земји на патувањето кон ЕУ и дека го уверил премиерот на Албанија дека не постои албанска партија која е против интеграцијата на земјата во ЕУ и со тоа дека се за уставни измени, пренесува ТВ 21.
Таравари не сакаше да го коментира неучеството на лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами нарекувајќи го тоа нешто лично.