Заради напад со мачета кој се случил во седиштето на компанијата “Sony” во Лондон, евакуирана е цела зграда. При нападот се повредени две лица, но во соопштението на Метрополитен полицијата нема информации дали тие се наоѓаат во животна опасност. Се додава и дека “нема докази за употреба на огнено оружје во овој инцидент”.
И “Скотланд Јард” потврдува дека две лица биле повредени, но и тие не навеле дали жртвите се витално загрозени или не. Сепак очевидци снимиле како еден човек бил влечен на количка пред самата зграда.
Полициските единици и амбулантните возила ги преплавиле улиците, а еден корисник на Твитер напишал дека “напаѓачот е прикован за земја”, по што “Скотланд Јард” набрзо потврдил дека уапсиле еден човек.
“Дејли Мејл” наведува дека човекот кој бил “наоружан со мачетa” избодел две лица и додава дека вџашените работници врискајќи истрчале од кантината на горниот спрат на седиштето на “Sony” во Кенсингтон, Западен Лондон.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.