Кремата на Клеопатра: Направете домашна крема за лице која ја хидрира кожата, без штетни состојки

Денеска ви претставуваме рецепт за потполна природна крема за лице и тело која содржи сè што ѝ е потребно на вашата кожа за да стане помека, почиста, поубава и негувана.
Кремата не е воопшто тешка за правење, а постојат тврдења дека истата ја користела египетската владетелка Клеопатра.
Потребни состојки:
Маслена група:
– 20 гр. пчелин восок
– 1/3 чаша кокосово масло
– 1/2 чаша маслиново масло (или сусамово, бадемово)
– 1 лажичка есенцијално масло од роза или некое масло нежно за кожата, иако оваа состојка не е задолжителна
Водена група:
– 100 мл. алое вера гел
– 150 мл. вода од рози
Кремот е составен од база на масло и вода во сооднос 50:50.


Начин на припрема:
1. Растопете го восокот и кокосовото масло на пареа. Измешајте го гелот од алое вера и водата од рози и оставете ги настрана.
2. Извадете ги стопениот восок и маслото од топлата вода и оставете ја смесата малку да се излади – да биде топла на допир, но не и жешка. (Внимавајте восокот и маслото да не се стврднат).
3. Во млаката смеса, ставете го маслиновото масло и промешајте. Додајте и есенцијални масла, доколку користите.
4. Веднаш ставете ја смесата во блендер. Нежно измешајте ги состојките и ставајте ја мешавината од гелот од алое вера и водата од рози – малку по малку. Мешајте сè додека сите состојки не се соединат во целост.
Ќе добиете 50 мл. крема за лице која можете да ја чувате во тегла. Наместо вода од рози, можете да користите и филтрирана вода. Интересно е што оваа крема има долг рок на траење – до една година.
Нанесувајте ја на чисто лице по потреба, најдобро наутро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.