Кремљ имаше увид во плановите на украинската контраофанзива во 2023 година


Украинскиот претседател истакна дека Киев подготвува неколку верзии на својата стратегија на бојното поле за 2024 година што би помогнало да се избегне потенцијално ново протекување на информации кон официјална Москва

Има чист пат за нова контраофанзива. Ова вчера на прес-конференција го порача украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека нема многу јавно да говори за ова. Тврди дека Кремљ успеал да ги добие деталите од претходниот украински контраофанзивен план пред воопшто тој да започне.

Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

„Нашите контраофанзивни планови беа на масата на Кремљ пред да започнат контраофанзивните акции“,

истакна украинскиот претседател.

На дополнително новинарско прашање, Претседателството на Украина потврди дека Зеленски мислел на протекување на информации поврзани со воениот план на украинската армија.

Зеленски истакна дека Киев подготвува неколку верзии на својата стратегија на бојното поле за 2024 година што би помогнало да се избегне потенцијално ново протекување на информации.

Запрашан дали Украина има планови за нов обид за контраофанзива оваа година, тој рече:

„Имаме план, јасен план. Ќе бидат подготвени неколку планови поради протекување информации“.

Украинскиот претседател рече и дека победата на Украина ќе зависи од воената помош на Западот и додаде дека е сигурен оти американскиот Конгрес ќе го одобри долгоочекуваниот пакет помош.

Големата украинска контраофанзива во летото 2023 година беше пресретната со силни руски одбранбени линии кои ги исцрпеа ресурсите на украинската војска без да дозволат ослободување на регионите окупирани од Русија.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: