Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на одбраната на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и го потврди решението на судијата на претходна постапка со кое му беше определен 30-дневен притвор.
На 17 декември Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против Груби и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами по известување од Министерството за внатрешни работи дека се недостапни за органите на прогонот донесе решение со кое го прифати предлогот на Обвинителството и на двете лица им определи притвор во траење од 30 дена.
Адвокатот на Груби поднесе жалба на решението на Судијата на претходна постапка и во соопштение до јавноста порача дека нема докази против Груби, кој е надвор од земјава од 15 декември.