Кривична за 24-годишна битолчанка, препродавала кокаин

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.С.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Пријавената во периодот од декември 2023 во повеќе наврати, набавувала кокаин и истиот го продавала на Г.Л. од Битола. На 16.12.2023 во угостителски објект во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Л. и Ј.П. при што по извршен преглед над Г.Л. бил пронајден и одземен кокаин, информираа од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: