Кривична пријава за возачот на Палчо!

Вчера (07.12.2023) Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик.

„Тој покажа подготвеност да ги реши проблемите преку дијалог, го поздравуваме тоа“ – Кремљ најави можен дијалог меѓу Путин и Трамп
Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, претходно изјави дека во тек се подготовки за средба со Путин за да се стави крај на конфликтот во Украина.Кремљ денеска објави дека рускиот претседател …
Илон Маск на нишан на Европската унија: Се истражува дали неговата мрежа работи според техничките правила на ЕУ
Тие особено ќе проценат дали „Х“ ѝ дава на партијата на Алтернатива за Германија (АфД) неправедна предност во кампањата во однос на нејзините ривали.Европските технолошки регулатори внимателно ќе го следат интервјуто на извршниот директор Илон …

Имено, С.Д. се сомничи дека во временскиот период од 01 до 03.12.2023 му помогнал на Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела „грабнување” по член 141 и „убиство” по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.