Крие ли ВМРО-ДПМНЕ незаконско финансирање на партијата?!

СДСМ е најтранспарента партија, објави во својот изештај Меѓународниот републикански институт ИРИ- „Индекс на транспарентност на политичките партии”, за 2023 година.

Според извештајот, СДСМ е најтранспарентна партија во сите точки со кои се прави истражувањето, во однос на основните информации за партијата, пристап до информации од јавен карактер, финансиска транспарентност и комуникација или отвореност со членството и граѓаните.

Веднаш зад СДСМ се Левица и Алијанса за Албанците, кои се оценети како партии со многу добра активна транспарентност.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се оценети со добра активна транспарентност.

Според анализите и извештајот, СДСМ има најдобар резултат на Индексот на транспарентност (2023) во однос на сите останати политички партии.

-СДСМ бележи пораст и при ова мерење на активната транспарентност е оценета со „многу добра активна транспарентност”. Веб-страницата е надградена, добро уредена и содржи голем дел од анализираните информации. На пример, по објавувањето на Индексот на транспарентност на политичките партии (2021), на веб-страницата е воведена посебна категорија (подмени) „информации од јавен карактер”, каде јасно се структурирани сите информации, како што се: листата на информации од јавен карактер, програмите на партијата и основните акти на партијата, финансиските извештаи, годишните извештаи и годишните сметки, релевантните закони за работењето на политичките партии, стои во извештајот на ИРИ.

Римските броеви на градскиот часовник во Битола
 Градскиот часовник во Битола, најмаркантното архитектонско обележје на градот, културно историски споменик со непроценлива вредност, континуирано е најпривлечната локација за туристите од светот. Фотографиран од секаков агол и во секое време …
„Сите би ги отпуштила од работа, административци“, вели поранешната антикорупционерка Ивановска
„Сите би ги отпуштила од работа, административци“, вели поранешната антикорупционерка Ивановска! „Да бев премиер, ја по автоматизам сите би ги отпуштила од работа, администрацијата“, вели Билјана Ивановска, поранешна шефица на антикорупциската …

СДСМ има максимален број на поени во однос на финансиската транспарентност и извештајот на донации каде целосно ги објавила информациите, стои во извештајот. Анализата на Индексот покажува дека СДСМ е единствена партија која регистрите на донации и извештаите за донации ги има објавено во отворен формат.

Интересно во овој извештај е што ДУИ има еднаква финансиска транспарентност како и СДСМ, односно овие две партии биле потранспарентни од Левица, а и од ВМРО-ДПМНЕ која се наоѓа дури на осмото место во инфографикот.

СДСМ има и најголема оценка и во однос на делот, комуникација со граѓаните- индикаторите ја мерат отвореноста на партијата, односно воспоставените механизми за електронска комуникација со граѓаните и членовите на партијата.

И во овој дел од извештајот ВМРО-ДПМНЕ е на осмо место, зад СДСМ и Левица.

На крај, логично се поставува прашањето: Дали ВМРО-ДПМНЕ крие незаконско финансирање на партијата, што предизвикува лошо рангирање на партијата во извештајот на ИРИ?

ИЗВОР:ИНФОМАКС

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.