Кристина Димитриевска, екс-сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски, тазе пејачка, модел и фитнес инструкрор, по крајот на бракот, не мирува.
Додека беше мажена, таа беше во медиумска илегала, а сега како разведена и слободна жена, е најактивен корисник и на социјалните мрежи каде постојано ги објавува своите активности.
Овој пат реши да им се врати и на изборите за убавина, односно ќе се натпреварува на „Мис Глобе 2019“ во Тирана, Албанија.
Атрактивната Кристина позираше заедно со уште неколку убавици од светот, но фокусот секако го стави на себе или поточно на задникот во танга костим за капење кој го фотографираше во крупен план.
Секси мама толку многу ја навлече тангата, што боли само од гледање, а пак погледот инстантно застанува само на едно место.
Кристина Бог ја дарил со телесен раскош ама таа дополнително го нагласува со провокација без која почна да не минува ниту еден ден.
Слободата очигледно и годи, а дали и со каква титула ќе се врати од изборот, останува да видиме…