Марија Спираки, пратеничка на “Нова Демократија“ во Грција, изјави дека ПЈРМ, не ги исполнува копенхашките критериуми и не е подготвена да ги започне преговорите за пристап во Европската Унија.
Спираки го повтори ставот на грчката опозициска партија, “Нова Демократија“, тврдејќи дека тоа е став и на грчкиот народ, додавајќи „дека не го прифаќаат постоењето на македонскиот народ и јазик”.
-Сакам да им појаснам на луѓето во ПЈРМ дека има голем недостиг од спроведување на реформите. Ние сме тука да ги повикаме властите и политичките партии да продолжат со цел да ги спроведат законите што ги усвоија. Ние ја поддржуваме перспективата на ПЈРМ да биде интегрирана, но сé уште не е подготвена да добие датумот, повтори Марија Спираки.