КРУШАЧ НА БУНКЕРИ! Нема спас од оваа бомба за Хамас во тунелите, првата боева глава прави дупка, а потоа главната што УНИШТУВА СЕ (ВИДЕО)

Израелските воздухопловни сили употребија бомба позната како „бункер-бастер“ во напад на мрежа од тунели што ги користи палестинската екстремистичка организација Хамас во Појасот Газа.

Дејли мејл известува за ова ново оружје и објаснува дека првата боева глава од бомбата создава дупка, а потоа втората боева глава продира подлабоко и детонира, уништувајќи ги подземните структури.

Британскиот весник објави и видео на својот официјален профил на Јутјуб, за кое тврди дека е направено во градот Газа, северно од палестинската енклава.

На видеото се гледа чад од ударот на бомбата, кој се случил пред лицето што го направило клипот да почне да го снима.

Потоа одекнуваат повеќе експлозии додека воените авиони на израелските одбранбени сили (ИДФ) го гаѓаат истото подрачје.

Потоа следува втора голема експлозија која испраќа уште повеќе чад во темна боја во воздухот.

Се наведува дека во тие тунели се кријат членови на Хамас, а таму чуваат ракети и друго оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.