Кузеска: Бизнисите им се пред луѓето, скандалот со загинатиот работник поврзан со луѓе блиски до Николовски и ДПМНЕ

На повидок е голем скандал, за жал со трагични последици, кој директно и индиректно се поврзува со Белата палата и опозициската ДПМНЕ. Скандал кој покажува дека на ДПМНЕ не им се важни човечките животи туку бизнисите и дека непочитувањето на законите е нивна одлика вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Бајден предупредува за можна „cеопфатна војна “ на Блиcкиот Иcток
Американскиот претседател Џо Бајден предупреди денеска на можноста за „сеопфатна војна“ на Блискиот Исток, бидејќи Израел ги стави војниците на готовност за можно навлегување во Либан во момент …
Колегите на „Пријатели“ загрижени за Мет Лебланк: Едноставно е тажно да се гледа
Актерот Мет Лебланк, кој се прослави со улогата на омилениот Џои Трибиани во популарната серија „Пријатели“, неодамна беше снимен на улиците на Лос Анџелес, а неговиот запуштен изглед …

– На 17 ноември, при ископ за изградба на нова зграда, на улица „Пиринска“ во Скопје загинал работник кој управувал со багер. За оваа трагедија во којашто за жал е загубен човечки живот има поднесени кривични пријави за незаконско работење. Градежната јама не била соодветно обезбедена, не биле преземени безбедни услови за работниците.

Загубен е човечки живот а прекршен е законот. Одговорност за овој случај мора да има и затоа надлежна институција веќе има поднесено кривични пријави. Очекуваме од страна на надлежното Јавно обвинителство целосно да се расчисти случајот и да понесат одговорност сите инволвирани. Но, граѓаните треба да знаат дека во случајов станува збор за работник кој бил ангажиран за компанија на Ивица Георгиевски – Фреди. Човек близок до ДПМНЕ и актуелниот потпретседател Александар Николовски, рече Кузеска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.