Адвокатот и поранешен политичар Азем Власи говорејќи за Заедницата на српски општини рече дека не треба да прифаќаме ништо што е надвор од уставниот систем на Косово.
– Не треба да прифатиме ништо што произлегува од тие наоди на Уставниот суд, наодите што ги донесе Судот во врска со тој договор од 2015 година. Дали се вика Заедница или има некое друго име, ништо надвор од уставниот систем на Косово не треба да се прифати- изјави Власи за Теве 1.
Власи понатаму рече дека косовските власти во Приштина и Курти, треба да ја искинат секоја верзија на Заедницата што Србија ќе ја поднесе на 2 мај.
Србија ќе го понуди тоа денеска. Мислам дека во моментот кога ќе му го дадат предлогот Курти треба да го земе и да го искине затоа што Србија, или која било друга држава, не може да го напише статутот на внатрешниот механизам на Косово кој во случајов се вика Заедница на општини со српски мнозинство – рече Власи.
Нека го направат тоа, косовската страна, Владата, тие самите треба да направат – додаде Власи.
Пронајдете не на следниве мрежи: