КУРТИ СЕ ИЗНЕРВИРА: Ме интересира кој е судијата што го испрати Пантиќ во домашен притвор

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е многу заинтересиран да дознае како е донесена одлуката поранешниот полицаец Дејан Пантиќ да се смени од притвор во домашен притвор, пренесува Коха.

КУРТИ СЕ ИЗНЕРВИРА: Ме интересира кој е судијата што го испрати Пантиќ во домашен притвор

Курти изрази несогласување со ваквата одлука на Основниот суд во Приштина, велејќи дека многу го интересира кој е обвинителот кој побарал промена на мерката притвор во куќен притвор и кој судија ја одобрил со оглед дека Дејан Пантиќ бил обвинет за тероризам, пренесува Косово онлајн.

Тој има статус на притвореник, но е обвинет за тероризам. Бидејќи штрајкуваше со глад и имаше проблеми со срцето, можеше да биде однесен во болница, што е разбирливо. Но, дали е тоа разумно? За тоа одлучува судството. Кога ве обвинуваат за тероризам и ве праќаат во домашен притвор, ме интересира кој е обвинителот што го поднел ова барање и судот што ја донел оваа одлука, рече Курти

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.