Косовскиот премиер Албин Курти се сретна со светски познатата албанска пејачка Рита Ора.
Во објава на Твитер, тој напиша дека Рита Ора ги достигнала највисоките височини на успех и признание ширум светот, секогаш почитувајќи ги своите корени и култура во својата татковина.
- Пешак загина во сообраќајката кај село Тркање
- СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи, СДСМ намалуваше цени на 500 производи
- Камала Харис во август за кампања потрошила три пати повеќе од Доналд Трамп
- Просечната плата во Хрватска стигна до 1315 евра или речиси 700 евра повеќе од Македонија
- Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Курти го запознал и сопругот на Рита Ора, режисерот Таика Ваитити.
„Косово, Велика Британија и Нов Зеланд изгледаат безгранични пред уметноста“, напиша Курти.
Ора изјави дека начинот на кој го прославила 33-от роденден оваа година е прекрасен. Таа рече дека оваа посета на Косово и средбата со премиерот Курти многу ја возбудиле за иднината.
Пејачката додаде дека планираат големи проекти за следната година.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.