Кучињата од Чернобил се генетски поинакви од сите останати во светот

Новото истражување проучувало стотина кучиња кои слободно се движат по урнатините на нуклеарната електрана во Чернобил и открило дека изложеноста на зрачењето генетски ги разликува од останатите кучиња во светот.

По нуклеарната катастрофа во Чернобил на 26 април 1986-та година, околу 120.000 луѓе кои живееле во околните подрачја и градот Припјат во близина биле принудени да ги напуштат своите домовите. Тоа вклучувало многу кучиња, домашни миленици кои, и покрај сите изгледи, успеале да воспостават моќна популација која сè уште живее на озраченото подрачје кое ја окружува електраната во распаѓање.
Во новото истражување научниците настојувале подобро да ја сфатат необичната популација на кучиња која живее околу Чернобил во екот на тешката контаминација на околината на која секојдневно се изложени.

Со помош на примероци од крвта собрани од животните меѓу 2017-та и 2019-та година, научниците генетски анализирале 302 кучиња од популацијата која живее внатре во самата електрана, како и оние на 15 до 45 километри од местото на катастрофата.
Само гледајќи во ДНК-та на кучињата кои живеат во близина на Чернобил, било јасно дека се генетски поразлични од домашните миленици кои живеат на други места во светот, за што истражувачите веруваат дека одраз на јонизирачкото зрачење на кое биле изложени со генерации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.