Кујнска идеја предизвика расправа на интернет, поврзана е со даската за сечење

Кујнската даска за сечење е сојузник во припремата на храна бидејќи го олеснува сечењето на месо, зеленчук и останатите намирници.
Но, на интернет кружи една објава која ги воодушеви сите љубители на готвењето. Трикот покажува дека цел живот погрешно ја користиме даската.
Имено, дупката која ја имаат повеќето даски за сечење служи за ставање на намирниците во садот без да направите неред во кујната.

“Погрешно ја користите даската за сечење. Дупката има своја цел”, стои во описот објавен на Твитер од страна на “Edmonton Journal”.
Под објавата започнале да коментираат и зачудените корисници.
“Не верувам”, “Што?! Јас мислев дека дупката служи за закачување на даската”, “Како овој трик би ви заштедил време?”, “Па тогаш треба да има две дупки, едната ви е потребна за држење на даската”, се само дел од коментарите кои се појавиле под твитот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.