Денеска лавина затрупа десетина луѓе во ски-центар во Австрија, јавува австриската новинска агенција АПА. Лавина со снег покри дел од ски-центарот Лех/Цуерс во западна Австрија, јави АПА, додавајќи дека едно лице е спасено.
Несреќата се случила околу 15.00 часот, а на местото на несреќата веднаш биле испратени неколку хеликоптери со спасувачки екипи.
„ Правиме се што е можно за да ги спасиме луѓето “, се вели во соопштението на општината Лех. Околу 100 луѓе се вклучени во потрагата, а спасувачите побараа фарови за да можат да ја продолжат потрагата во темница, додаде АПА.
Лех/Циерс се рекламира како „едно од најдобрите скијачки центри во светот“ и се смета за колевка на алпското скијање.