Обично ботовите кои се платени за тоа, а и клинтелата од затворен тип ги фаќа еуфорија по секоја јавно проговорена реченица од Мицковски некаде низ Македонија (она ретко појавување што го има секогаш наменски). Па кога ќе ги зафати еуфорија не штедат епитети со надеж дека некој ќе направи скиншот и на „лидериштето“ ќе му ги покаже увкелувањето. Тоа се оние луѓе што својот бофол го продаваат за прва класа. Луѓе кои се надеваат дека провидението ќе им се насмее и дека лидериштето ќе ги забележа па дека од тоа може да произлезат години на милост и благосостојба, секако без работење…
Ама има и незаспиени и неклиентелистички настроени луѓе кои гледаат дека тонеме во кал а дека клапчовците му создаваат привид на „лидериштето“ кое само ќе ја продлабочи колективната мизерија. И реагираат. Простодушно. Народски. Ама баш народски. Еве една од тие реакции која длабоко ме допре но и насмеа. А е прецизна и остра. Дури боли колку е реална. Но, ќе нема кој да направи скриншот…