Италијанскиот клуб Рома е во лоша форма и поради тоа наскоро би можел да замине тренерот Иван Јуриќ, а „Газета дело Спорт“ пишува дека Франк Лампард е еден од кандидатите за кормилото на тимот од Рим.
Американскиот бизнисмен и газда на Рома, Дин Фридкин активно бара замена за Јуриќ, а наводно изборот паднал на поранешниот фудбалер и тренер на Челси.
Лампард досега работеше како тренер на Дерби каунти, Челси и Евертон, а од 2023 година е без ангажман.