ЛАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ПОМАЛО ОД OНА ПРЕД ДУРИ 12 години?!

И покрај енергетската криза која го вклучи алармот за целосно ангажирање на домашното производство, тоа во текот на минатата година, сепак, било помало отколку пред 12 години, покажува Извештајот за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, кој го дава континуитетот од 2010 година, пишува порталот Пари.

Во 2022 година се произвеле 5.634 гигават-часови електрична енергија, додека во 2010 година 6.774 гигават-часови. Интересни се податоците и за структурата на производството. Тие кажуваат дека минатата година производството на струја од термоцентралите (2.621 гигават-часови) е за дури 38,7% помало од она што било во 2012 година (4.277 гигават-часови). Притоа, производството од РЕК Битола е намалено за една третина (било 3.700 во 2010, а во 2022 е 2.354 гигават-часови), а од ТЕЦ Осломеј е преполовено од 577 на 267. Најдрастичен пад има кај хидроцентралите, каде што во 2010 година биле произведени 2.185 гигават-часови, а во 2022 година – 985. Со ваквов пад на производството кај главните енергетски капацитети, дури легитимно е прашањето како тогаш е постигнато намалување кај производството на струја од „само“ 17 проценти во 2022, а во однос на 2010 година? Придонес во намалување на минусот има КО-ГЕЛТЕЦ Негоиномалите хидроелектрани , фотоволтаичните централиВетерници „Богданци“, како и струјата од ТЕ-ТО.

Производство на струја во 2010 и во 2022 година во  GWh

ЛАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ПОМАЛО ОД OНА ПРЕД ДУРИ 12 години?!

КАКВО ПРОИЗВОДСТВО ИМАМЕ ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА?

Податоците од временската серија на податоци на РКЕ покажуваат и дека од 2010 до 2015 година производството на струја постојано се намалувало, за да во 2016 да има мал раст и потоа повторен пад во 2017 и во 2018 година. Зголемено произвдство имало во 2019 и на тоа ниво не е вратено производството ниту во 2022 година. Сепак, ланската е подобра од претходните две години.

ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТРГОВИЈА И ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА

Во текот на 2022 година Регулаторната комисија за енергетика донесе 10 одлуки за издавање лиценци за трговија со електрична енергија, 203 одлуки за издавање лиценци за производство на електрична енергија, девет одлуки за издавање лиценци за трговија со природен гас, пет одлука за издавање лиценца за снабдување со природен гас.

Регулаторната комисија за енергетика во периодот од 2004 до 31 декември 2022 има издадено вкупно 802 лиценци од областа на електричната енергија, од кои на крајот од минатата година 637 лиценци се активни, покажуваат податоците.

„Пазарот на електрична енергија во текот на 2022 година забележа трендови кои порано се немаа случено. Во текот на 2022 година енергетската криза зазеде значителни размери, што влијаеше како врз производството, така и врз потрошувачката на електрична енергија. Нето-потрошувачката на електрична енергија имаше значителен пад од 10,66 отсто, што беше резултат пред сè на намалената економска активност поради високите цени на електрична енергија, како и преземањето мерки за рационално користење на електричната енергија. Исто така, на регистрираната намалена потрошувачка на електрична енергија влијаеа и инсталираните фотонапонски панели за обезбедување на дел од сопствените потреби од електрична енергија на потрошувачите. Од друга страна, високите цени на електрична енергија беа мотив потрошувачите да разгледуваат различни алтернативи за обезбедување електрична енергија, што резултираше во инсталирање на голем број фотонапонски панели на постојните објекти, каде што дел од произведената електрична енергија се користи за сопствени потреби. Понатаму, високите цени исто така беа предизвик и за инвеститорите коишто изградија, пред сè, фотонапонски електроцентрали, како и ветерна електроцентрала. Така инсталираниот капацитет од обновливи извори се зголеми за 144,4 MW, што никогаш претходно не беше случај“, информираше РКЕ.

Целиот текст е достапен на следниот линк: https://pari.com.mk/tolku-vreva-a-sepak-lanskoto-proizvodstvo-na-struja-pomalo-od-pred-12-godini/

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.