На телевизијата Б92 од 18 март повторно ќе се емитува серијата која им ги скрши срцата на милиони гледачи „Изборот на Лара“, а додека кај нас серијта се емитува на Канал 5. Прочитајте повеќе за младиот уметник Лара која во серијата ја игра глумицата Дорис Пинчиќ.
Нежна, привлечна, природно убава и симпатична,талентирана и искрена… пожртвувана, великодушна и многу стрплива. Заради својата едноставност и мудрост делува како да е од некое друго време.
Не е жена од големи зборови, меѓутоа кога зборува нејзините ставови длабоко влијаат на околината.
Поради големиот талент, чичко и ја убедил да се запише на Музичка академија. Студирала клавир, а радо и често потпевнува.
Лара штотуки заврши факултет во Сплит и се наоѓа во клучен момент во нејзиниот живот: или да најде работа или да се врати од малото место од кое што потекнува. Таа е скромна и не е многу амбициозна. Не живее како поголемиот дел од младите денес, но сонува за голема, вистинска, единствена љубов. Таа е склона кон идеализирање, и е верна жена која е подготвена долго да го чека својот маж и притоа да му се воодушевува на предизвиците на модерниот живот. Религиозна е и искрено верува дека дека некои луѓе во животот ни се судени.На телевизијата Б92 од 18 март повторно ќе се емитува серијата која им ги скрши срцата на милиони гледачи „Избор