Дали избегнувате да јадете леб? Можеби сте слушнале разни тврдења за тоа дека треба да го намалите или целосно да го исфрлите од исхраната.
Меѓутоа, постојат научно потврдени причини кои укажуваат на тоа дека треба да го задржите лебот во секојдневната исхрана, особено верзиите од цели житарици.
Во продолжение ќе ви откриеме седум најважни причини зошто не треба да го избегнувате лебот:
1.Ќе имате повеќе енергија – јаглехидратите не се нужно лоши за вас. Вистинскиот вид на јаглехидрати како што се интегралните житарици, обезбедуваат долготрајна енергија во текот на денот и други здравствени предности.
2.Ќе бидете поздрави – консумирањето леб од цело зрно пченица има бројни здравствени предности. Јаглехидратите од цели житарици можат да го намалат ризикот од смрт од било која причина, кардиоваскуларни или канцер.
3.Подолг живот – студиите покажале дека поврзаноста на исхраната богата со цели житарици и намален ризик од смрт постои, особено при кардиоваскуларните болести.
4.Ќе се чувствувате посреќно – јаглехидратите го зголемуваат нивото на серотонин, неуротрансмитер за добро расположение во мозокот. Тоа го подобрува вашето расположение и ја намалува желбата за нездрави грицки.
5.Губење на телесната тежина – лебот од цело зрно е богат со диетални влакна кои ви помагаат да се чувствувате сити и задоволни. Исто така спречуваат нагол пораст и пад на нивото на шеќер во крвта.
6.Регулирање на дигестивниот тракт – растителните влакна од целите житарици го одржуваат здравјето на дигестивниот систем и помагаат во редовно празнење на цревата. Внесувањето на цели житарици може да ви помогне во постигнување на препорачаната дневна доза на растителни влакна.
7.Здравјето на кожата и косата – лебот од цело зрно пченица содржи витамини Б и протеини кои придонесуваат во здравјето на кожата и косата.
Напомена: Важно е да бирате леб од цели житарици наместо преработени верзии, како бел леб, за максимално да ги искористите
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.