Левица: Лажните ветувања за Вардариште се повторуваат пред секои избори

Левица – Гази Баба испратија сооптение со кое ја обвинија власта и општинското раководство дека со години манипулираат со граѓаните преку празни ветувања за санација на депонијата Вардариште. Според партијата, актуелниот градоначалник Бобан Стефковски го преспал целиот свој мандат и токму еден месец пред изборите повторно нуди нереализирани проекти, додека жителите на Скопје живеат со последиците од отровниот чад и неподносливата реа што се шират од депонијата.

Бобан Стефковски го преспа целиот свој мандат, заборави на сите негови ветувања, а сега без трошка срам ги нуди истите само ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД НОВИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ. Ние ќе го потсетиме Стефковски за неговите лаги.

Од сите ветувања, можеби најфатална за жителите е за депонијата Вардариште која последниве недели го зави Скопје во отровен чад и реа.

За само 2 год. територијата на депонијата се зголемила, а надлежните ОПШТИНСКИ ИНСПЕКТОРИ и МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА не сториле ништо за да го спречат тоа.

Можевме да очекуваме ваков екоцид на жителите на Скопје од власт за која ПРОФИТОТ е заеднички именител а функцијата можност за ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Јануари 2021 – Бобан Стефковски (градоначалник на Гази Баба): конкретно ветување – „спортски и рекреативен центар на Вардариште“.

Септември 2025- Бобан Стефковски- Мега парк со 300 000 м²

БАРАМЕ одговорност од сите оние кои биле должни да преземат мерки а тоа не го сториле.

Граѓани на Скопје ДАЛИ и на овие избори ќе продолжиме како и до сега, прашаа од партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: