Лепа Брена прошета низ Загреб стилизирана како никогаш порано. Наместо елегантен фустан или здолниште, популарната пејачка овојпат се реши за панталони, лежерно сако и бела блуза, а со тоа носи патики.
Околу струкот носела ташна со синџирчиња, а погледот го криела зад еднакво модерни очила.
Со тренди стајлинот кој го презентираше во главниот град на Хрватска ги воодушеви сите, и ретко кој би можел да и парира.