Лепа Брена и Александра Пријовиќ заиграа оро во домот на пејачката за време на прославата на Св. Архангел Михаил

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ вчеравечер го прославија Архангел Михаил, а во нивниот дом пристигнаа разни гости од музичката естрада и јавна сцена.
Стефан и Виктор Живојиновиќ веќе покажаа како виткаат сарми на социјалните мрежи, а Александра Пријовиќ призна дека и таа помагала околу подготвувањето на храната.
Први во домот на Брена пристигнаа Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ, Александра Пријовиќ, Сања Ѓорѓевиќ со ќерката Ивана, како и Дамир Хандановиќ.
На социјалните мрежи веќе се појавија видеоснимки како Брена и Пријовиќ играат оро, а дел од вчерашната атмосфера погледнете ја во продолжение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.