Една од најголемите регионални ѕвезди Лепа Брена одржа концерт во родниот град Тузла. Очекувано, вечерта беше исполнета со емоции, а додека ја изведуваше песната „Немам друг дом“, Брена плачеше и не можеше да се смири неколку минути.Емоциите очигледно беа посилни од неа, па пејачката плачеше неколку минути, а потоа го покри лицето со рацете. Во еден момент, нејзиниот придружен вокал ѝ пријде и ѝ ги подаде марамчињата.Сепак, ниту тоа не помогна, па Брена продолжи да плаче додека салата одекна: „Брена, те сакаме!“Како што емоциите стануваа сè посилни, во еден момент до неа притрчал еден член од тимот и ѝ донесе вода за да не ѝ се слоши. По речиси пет минути драма и емотивен набој, таа малку се смири, а потоа на сцената изведе вежба за дишење за да продолжи да пее.
Пронајдете не на следниве мрежи: