Српската пејачка Лепа Брена буквално ги препоти фановите споделувајќи фотографија на својот Инстаграм профил во костим за капење.
Пејачката овие денови по повод новогодишните и божиќните празници заедно со својот сопруг Боба Живојиновиќ отпатува на Малдивите од каде сподели и врела фотографија во бикини.
Имено Брена на својот Инстаграм профил сподели фотографија во розово бикини додека се сонча на топлото сонце и тиркизната вода.
Фановите останаа во неверување од изгледот на пејачката поради фактот што таа само пред неколку месеци наполни 60 години.