Лесен и брз летен ручек: Тестенини со брокула и лимон

Состојки:
(за 4 порции)
– 500 гр тестенини по желба
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажица путер
– 500 гр брокула, ситно исечкана
– 2 чешниња лук, ситно исецкани
– сок од еден лимон
– 120 мл кисела павлака за готвење
– 45 грама рендан пармезан
– сол, бибер
– 3 лажици сецкан свеж босилек
Подготовка:
Ставете ги тестенините во врела солена вода и варете додека не станат „ал денте“.
Додека тестенините се варат, загрејте ги маслиновото масло и путерот во голема тава на средна топлина.


Додадете ја брокулата и пржете додека не испушти мирис, околу пет минути, потоа лукот и сокот од лимон и пржете додека состојките не испуштат мирис, околу една минута.
Додадете го кремот и оставете да зоврие. Потоа додадете пармезан.
Процедете ги тестенините и додајте ги во сосот, добро измешајте за да се соедини сѐ убаво.
Зачинете со сол и бибер и украсете со босилек.
Добар апетит

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.