Ако сте љубители на печива, тогаш треба да го направите овој рецепт за меки и вкусни посни погачки со сусам.
Потребни состојки:
-1/2 литар минерална вода
-1 свеж квасец
-4 лажички шеќер
-2 лажички сол
-200 мл масло
-1 кг брашно
-млака вода по потреба
-сусам
-растопен посен маргарин
Подготовка:
Квасецот и шеќерот изматете ги во млака минерална вода и оставете да стаса. Во брашното додадете ги солта, квасецот и маслото. Замесете средно меко тесто и оставете да се дигне. Од тестото формирајте мали топчиња. Најважно е тестото да не се меси, туку нежно да се обликува со рацете.
Од едната страна намачкајте го со млака вода и дадете сусам, па редете ги топчињата во плех, да одмори тестото.
Печете на 250 степени, додека не поруменат. Кога ќе ги извадите од рерна веднаш намачкајте ги со растопен посен маргарин.