Подгответе го овој вкусен ролат и изненадете го вашето семејство со овој вкусен и кремаст десерт со овошје!
Лесен ролат со свежо овошје
Потребни состојки за кората:
5 јајца
120 г шеќер
120 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
прстофат сол
Потребни состојки за кремот:
300 мл слатка павлака
400 г маскарпоне сирење
4 лажици шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
200 г јагоди и боровинки
50 г кокосови снегулки
Начин на подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги во форма на снег со прстофат сол, постепено додавајќи го шеќерот до крајот на матењето.
Изматете ги и жолчките, додајте ги во смесата со белки и измешајте. Додајте го брашното и прашокот за печиво.
Врз тавата за печење ставете мрсна хартија, истурете го тестото врз хартијата и израмнете. Печете ја кората 20 минути на 180 °С.
Посипете шеќер во прав на работната површина. Ставете ја кората врз површината, со хартијата нагоре. Извадете ја хартијата од кора и завиткајте ја кората во крпа. Оставете ја настрана 15 минути да се излади.
Изладената кора премачкајте ја со шеќер во прав и сирење маскарпоне.
Додајте го исечканото овошје на половина од кората. Завиткајте ја кората во форма на ролат, повторно ставете го ролатот во крпа и оставете го во фрижидер за 2-3 часа.
Врз ролатот нанесете го преостанатиот крем, јагодите, боровинките и кокосот пред сервирање.