Денеска беше извршена ждрепката за осминафиналето од ФА Купот, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед имаа различна среќа.
Сити доби поволна ждрепка, па ќе игра против Бристол Сити, додека Манчестер јунајтед ќе треба да го помине Вест Хем.
Третиот фаворит за трофејот, Тотнем ќе игра против подобриот од дуелот Врексам и Шефилд јунајтед.
Осминафинале ФА Куп:
Саутемптон – Лутон/Гримсби
Лестер – Блекбурн/Бирмингем
Стоук – Брајтон
Врексам/Шефилд јунајтед – Тотнем
Фулам/Сандерленд – Лидс
Бристол Сити – Манчестер Сити
Манчестер јунајтед – Вест Хем
Ипсвич/Барнли – Шефилд венздеј/Флитвуд