Летен ручек за час: Потпечен зеленчук со јајца и кашкавал

Потпечениот зеленчук со јајца и кашкавал е одличен предлог за летен ручек.
Едноставните јадења кои брзо се подготвуваат се одличен предлог за лесен летен ручек. Доколку ви е доста од мусака, компир манџа и други слични јадења, наш предлог е да направите печен зеленчук прелиен со јајца и кашкавал.

Вака приготвениот зеленчук не само што е вкусен и ќе го сака целото семејство, туку и лесно и брзо се подготвува, а и заситува.

Потребни состојки:
1-2 тиквички
1 кромид
1-2 моркова
150 гр чери домати
сол
бибер
мелена црвена пипер
5 јајца
150 мл павлака за готвење
80 гр брашно
150 гр кашкавал
Подготовка:

Тиквичките исечкајте ги на тркалца, па наредете ги во сад за печење обложен со хартија за печење. Зачинете со сол, бибер и посипете со мелена црвена пипер. Печете на 180°C околу 10 минути. Потоа во тава испржете ги крупно исечканите кромид и морков исечкани на тркалца. Во огноотпорен сад наредете ги печените тиквички и испржениот кромид со моркови, наредете ги чери доматите исечени на половинки, па прелијте ги јајцата кои сте ги изматиле со павлаката за готвење и брашното. Печете во рерна на 180°C околу 20 минути. Кон крајот посипете со рендано кашкавал и печете додека истиот не се растопи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.