Прелиминарните резултати од клиничкото испитување сугерираат дека новото лечење на Ковид-19 драматично го намалува бројот на пациенти на кои им е потребно интензивно лекување, соопшти компанијата што ја разви лекот, објави Би-Би-Си. За лекување британската биотехничка Synairgen го користи протеинот бета интерферон, кој телото го произведува кога е нападнат од вирус. Протеинот се вдишува директно во белите дробови на заболените од Ковид-19, со надеж дека ќе стимулира имунолошки одговор.
Првичните резултати посочуваат дека шансите за развој на тежок облик на болеста Ковид-19 кај болнички пациенти, на кои им е потребен респиратор, на пример, се намалени за 79 проценти. Би-Би-Си забележува дека резултатите не поминале научен рецензија. Шансите пациентите да се опорават до тој степен што болеста не ги загрози нивните дневни активности беа два до три пати поголеми. Испитувањата покажале на многу значително намалување на симптомите, како оној кога пациентите се жалат на недостаток на здив.
Просечната должина на престој во болница е намалена за третина, за оние кои се на ново лекување – од просечно од девет на просечно шест дена хоспитализација. Двоструко слепото истражување вклучи 101 доброволец на лечење во девет британски болници. Половина биле на лекот а половина на плацебо – ефект.