Ливерпул го победи Евертон во „дербито Мерсејсајд“ за да остане сѐ уште во трка за Лигата на шампионите, иако девет бода е разликата во однос на четвртиот Њукасл, но со меч помалку за „црвените“.
Ливерпул победи со 2-0 со гол на Мохамед Салах во 36-та минута и на Коди Гакпо четири минути во вториот дел, па „црвените“ сега дојдоа до 32 бода на деветото место, девет зад Њукасл кој има 41, ама црно-белите имаат и меч повеќе. Ако Ливерпул ја намали преноста на Њукасл на шест бода, оваа разлика е достижна, но четата на Јирген Клоп ќе треба да влезе во победничка серија која изостанува сезонава, а ова им беше прв триумф по пет меча.