Ливерпул го потврди Слот како замена за Клоп


Холандскиот фудбалски стручњак, 45-годишниот Арне Слот од први јуни и официјално ќе биде нов менаџер, односно прв тренер, на англискиот премиерлигаш Ливерпул, соопштија од клубот од стадионот на „Енфилд“.

Слот на клупата на „црвените“ ќе го наследи Германецот Јирген Клоп, кој го водеше клубот во последните девет години.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул може да соопшти дека постигнал договор со Арне Слот, кој формално ќе ја преземе тренерската функција од 1 јуни“, стои во соопштението на клубот од „Енфилд“.

Слот доаѓа во Ливерпул од Феенорд кој го водеше последните три години. Го предводеше тимот од Ротердам до шампионската титула во 2023 година, а двапати беше прогласуван за тренер на годината во Ередивизијата. Пред да се пресели во Феенорд, Слот беше главен тренер на АЗ Алкмар, со кого го освои второто место зад Ајакс.

За време на неговата играчка кариера настапуваше за Цволе, НАЦ Бреда, Спарта Ротердам и ПЕЦ Цволе пред да ги закачи копачките во 2013 година.

Ливерпул оваа сезона го зазеде третото место во Премиерлигата со 82 бода, зад шампионот Манчестер Сити со 91 бод и второпласираниот Арсенал со 89 бодови.

The post Ливерпул го потврди Слот како замена за Клоп appeared first on 365.com.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: