Лидерот на Џихадистите ги покани Сиријците на улица да го прослават падот на Асад: Во тек е општа прослава, се веат знамиња, десетици илјади луѓе се на плоштадите! (ВИДЕО)

Десетици илјади луѓе се собраа денеска на плоштадите во сириските градови за да го прослават падот на Башар ал Асад, кој беше соборен во молскавична офанзива од сириските бунтовници и џихадисти.
#Syria: The city of #Homs today on the first Friday after the fall of Assad’s regime. pic.twitter.com/9r54v6d2by— Samer Daboul (@samerdaboul6) December 13, 2024
Офанзивата траеше помалку од 10 дена, а во неа бунтовничките и исламистичките сили ја освоија територијата од северната провинција Идлиб, преку големите градови Алепо, Хама и Хомс, сè до главниот град Дамаск.
Large crowds of #Syrians gather in #Damascus to celebrate the #liberation of #Syria from Bashar al-#Assad 💚 pic.twitter.com/eXP4slSm4V— Qusay Noor (@QUSAY_NOOR_) December 13, 2024
Самиот Башар побегнал со помош на руски агенти кога бунтовниците влегле во Дамаск и сега е во Москва.
A massive gathering in the city center of Hama on Victory Friday to celebrate the liberation of Syria from the Assad regime. pic.twitter.com/pDewXqjHKZ— Levant24 (@Levant_24_) December 13, 2024
Водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), Абу Мохамед ал Џолани (Ахмед ал-Шара)  ги повика Сиријците да излезат на улиците за да ја прослават „победата на револуцијата“, според новинската агенција АФП.

Пронајдете не на следниве мрежи: