ЛИДЛ ОТВОРА МАРКЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве која локација во Скопје ја купил германскиот трговски синџир

Германскиот голем трговски синџир Лидл ја купил локацијата на Бриколаж од компанијата Скопски пазар, дознава Фактор ексклузивно.

Таму се очекува да биде отворен првиот маркет на Лидл во Македонија. Набргу се очекува да се случи и официјалната трансакција, а засега нема информации која е постигнатата сума.
Како што веќе има пишувано Фактор, во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Тогаш објавивме дека оваа, една од најголемите компании во малопродажбата во светот, во земјава ја регистрираше подружницата Лидл С. Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен регистар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.