Лидл почна да се подготвува за изградба на првиот маркет во Скопје

Лидл започна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од 16 000 метри квадратни и ќе инвестира вкупно 14 милиони евра во изградба на маркет. Градежните работи се очекува да започнат летово.

Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во Македонија.

Лидл е дел од Schwarz Group која е една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12 350 маркети и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Во Лидл има околу 375 000 вработени на меѓународно ниво.

Во Македонија, Лидл започна со инвестиција – изградба на логистички центар во Куманово. Логистичкиот центар ќе се простира на 63 000 квадратни метри и ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема, целосно посветени на оптимизација на работењето. Логистичкиот центар дополнително ќе биде пример за одржливо и еколошко работење, ќе користи електрична енергија од обновливи извори на енергија и ќе биде опремен со фотоволтаични елементи кои генерираат вкупна моќност од приближно 1,7 MW.

Минатиот месец Лидл организираше средби со 130 македонски компании и со тоа отвори можности за соработка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.