Лила одново се сликаше гола во запенета када, па доби (не)пристоен предлог

Лила Филиповска одново ја шокира јавноста. Или поточно ја воодушеви со најновата серија фотографии на кои водителката е седната гола во запенета када, само со пешкир завиткан околу главата и очила на себе.
И ништо ново или необично кога е Лила во прашање. Сме ја виделе и друг пат во вакви изданија. А, како што е општо познато, недела – ден за капење, а Лила без добра причина во када би влегла единствено од хигиенски причини, ама пред фотобјективот? Мора да има нешто повеќе од хигиена! И има – во погледот!


И тука лавината од коментари тргна. Додека едни нагаѓаат, други и забележуваат: „Совршена би била фотографијата и без очила и без шминка, со мокра коса“ или: „Бања и очила… многу некако, а“?
Многу или малку, Лила си го тера својот филм во кој има и такви кои би сакале да влезат. Или поточно, да и влезат во бањата додека се капе и фотографира. Дали за да проверат каква е водата, дали е доволно топла за омилената водителка да не им настине или можеби за да и го истријат грбот?


„Лила срце, можи да дојдам кај тебе“ – прашува запалениот обожавател, по говорот од битолско ќе да е, ама Лила мудро си премолче и не му одговори ништо.
Можеби зато што предлогот беше непристоен? Ама добро е, зашто на вакви фото-пози можеше да добие и многу поинакви предлози, како на пример: „Лила, можи да станиш, да ни покажиш како ја капиш мачката?“ При тоа мислејќи на нејзиниот Рагнар, се разбира!
Зашто за Лила недела е ден за капење, а за Рагнар само ден јадење! Патем, а вие како те?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.