Обинителството испитува потекло на 40-те илјади евра на Лила кои му ги префрлила на Боки 13, односно дали парите што Филиповска му ги префрлала на Боки 13 се од рекетот земен од Орце Камчев, пишува А1он.
Заврши распитот на водителката Лила Филиповска кај обвинителката за органзиран криминал и корупција Вилма Рускоска. Лила се задржа кај Рускоска околу 2 часа, а по излегувањето од обвинителството не сакаше да даде изјава за новинарите.
-Подалеку, ќе ми ја растурите фризурата, им одговори Лила на новинарите и замина.