Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?
Медицинските експерти постојано советуваат дека затворените простории треба секојдневно да се проветруваат, но останува отворено прашањето како тоа да го сториме во лифтовите. И покрај тоа што во нив е вградена соодветна вентилација, со самиот факт дека илјадници луѓе мора да користат лифт за да стигнат од и до домот или работното место, постои голема веројатност самите лифтови да бидат жариште на коронавирусот.
„Германската компанија МИКРОДЕЛ, соочувајќи се со коронавирусот, го повика својот тим на експерти да создадат иновативен и револуционерен концепт за чисти и безбедни лифтови. УВ- гермицидал е систем конципиран со софистицирана технологија, ефективно елиминира 99 проценти од бактериите и вирусите во воздухот во лифтот, со што го прави целосно чист и безбеден. Тој е креиран да ги блокира предизвикувачите на заразни болести кои ги има во воздухот, на принцип на тотална стерилизација, и е прочистувач на загаден воздух, појаснуваат од компанијата.
Експертите исто така советуваат дека не е доволно само дезинфицирање на лифтовите на класичен начин еднаш дневно, потребни се интелигентни решенија кои ќе бидат активни нон-стоп. Според нив токму лифтовите во работните простории, болниците итн. што се пофреквентни и од оние дома се постојан извор на зараза и пред појавата на Ковид-19.
Во Македонија овој софистициран систем за заштита од коронавирусот веќе го имплементира компанијата за лифтови ДАКА.
„Потребна е високософистицирана технологија со високи перформанси на молекуларно ниво со препарати и технологија одобрени од Светска здравствена организација (WHO). Државните и приватните институции, станбени и деловни објекти, како и сите останати објекти кои имаат лифтови и проток на луѓе, потребно е да вградат постојана заштита од бактерии и вируси, пред се во моментот, заштита од коронавирусот, а тоа ќе го сторат кога во своите лифтови ќе инсталираат таканаречени УВ системи кои ќе препознаваат, стерилизираат и прочистуваат загаден воздух“, појаснува Примариус др. Данчо Балаловски.
Во земјава бројките на заразени од коронавирусот се високи, така што граѓаните треба да бидат заштитени и додека се возат во лифтовите, почитувајќи ги безбедносните мерки од надлежните.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.