Лицемерие на раководството на Мицковски. Им текна дека ќе бојкотираат во 12:05 кога веќе никој не го интересира

Откако со месеци го одолговлекуваа одговорот и со тоа го оставија во небрано и членството и симпатизерите, првоизбраните на Мицковки а и тој самиот денеска после 15 се произнесоа конечно. Немало да гласаат. А бе дечки и баба ми вака знае. Кога видовте дека ќе пропадне референдумот побрзавте да го фатите последниот воз, во последниот вагон. Во 15 часот и на малите деца им беше јасно дека нема да има цензус, така што веќе е небитно дали вие ќе излезете или не.
На Македонскиот народ му требаше лидерство во изминатите месеци. Ама вие го оставивте на цедило. Немавте став. Меркел ви се јавувала секој ден. Сте имале „битна“ агенда… И да не редиме натака. Оти сите следеа се што се случуваше. Сакавте и на странците да им удоволите ама ако може да не се отуѓите од членството. И затоа немавте став. Да не речам не смеевте да имате став.
Сега ви е доцна. Народот се самоорганизираше. И победи. И се самоодржа. Како и секогаш низ вековите. А вие? Сега ќе се обидете да се приклучите, но местото ви е во историјата, онаа темната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.