Познатата пеачка Адел го шокира светот со само една фотографија! Таа на нејзините социјални мрежи се пофали со својот нов изглед за роденденот, а очигледно беше дека успеала да изгуби дури 50 килограми.
Таа е во процес на намалување на тежината повеќе од една година, а нејзиниот личен тренер откри 3 тајни со помош на кои Адел изгуби неверојатни 50 килограми.
Исхрана
Сите тренери велат дека здравата исхрана е најважна во процесот на слабеење, вклучувајќи го и Пит Герасмо односно личниот тренер на Адел. Тој вели дека кога работи со клиенти, секогаш одлучува за вистинска и здрава храна, а не за додатоците во исхраната. За Адел вели дека таа пробала диета базирана на растенија како што се кељот и леќата. Овие намирници познати како активисти на сиртвин го потиснуваат апетитот и го активираат генот за намалување на тежината. Оваа исхрана ви овозможува да јадете темно чоколадо и да пиете црвено вино.
Вежбање
Герасимо вели дека најважно е да се забрза работата на срцето и да се излезе од удобната зона. Тој исто така вели дека додека вежбате треба да имате убави мисли. Адел вежба три пати неделно и тие комбинираат различни вежби.
Квалитетен сон
Третиот трик е добриот сон. Спиењето влијае на хормоните грелин и лептин кои се нарекуваат хормоните на гладот. Хормонот грелин се ослободува кога мозокот ќе сигнализира дека желудникот е празен, а хормонот лептин се ослободува од масните клетки за да го потисне гладот и мозокот вели дека стомакот е полн. Кога телото не спиете доволно, мозокот произведува повеќе грелин оставајќи ве гладни и со зголемен апетит. Најважно е да не брзате со процесот, туку да ја следите работата и можностите на вашето тело.