Лошите момци се поголем предизвик за девојките
Девојките повеќе сакаат лоши момци затоа што ги привлекува нивната недопирливост, предизвикот да ги променат и да ги освојат само за себе, како и адреналинот кој го нуди таквата врска. Дека жените попрво би одбрале диво момче одошто некое нежно и претпазливо, открива истражувањето на Универзитетот на Британска Колумбија во Канада.За физичка привлечност, на жените им е потребна доза на арогантно и дрско однесување од страна на мажите за да се постигне ефектот на „забрането овошје“.
Според психолозите во истражувањето, како примери за мажи со такво однесување се посочени Колин Фарел, Роби Вилијамс, Џејмс Дин, Роберт Патинсон и други познати личности кои би биле предизвик за секоја жена.
Идеална комбинација за жените би била момчето да е фраер во друштвото, а на само да биде мил и фин, објаснува психологот Неха Пател. Врската со ваков вид карактер е како одење по раб, ве исполнува со интензивно чувство на адреналин. Па така, иако најчесто врските со вакви мажи однапред се осудени на пропаст, сепак на младите девојки сè уште им се прв избор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.