Лукаревска со детали за нафтената афера: Една од фирмите воопшто немала бензинска пумпа

Три нафтени компании од кумановско-липковскиот регион со фиктивни фактури сакале по основ на поврат на ДДВ да испумпаат од буџетот над 2,6 милиони евра. Управата за јавни приходи денеска објави детали за шемата на овие правни лица, преку која се обиделе да нанесат штета на државната каса, која ја полнат и граѓаните и фирмите.

Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница. „На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад …
Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, најстарата пиварница во светот, има …

Првиот и третиот случај имаат соодветна поврзаност преку соодветен ист сопственик, односно основач, каде што по промената на податоците во тековната состојба во Централниот регистар, тој всушности си го сменил и своето презиме.

Првиот и третиот случај имаат и ист овластен сметководител кој што работи исклучливо само за тие два даночни обврзника, појасни Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ во вечерашната „Топ тема“ во врска со истрагата за три даночни обврзници од нафтениот бизнис кои се обиделе со лажни фактури да испумпаат 2,6 милиони евра од државниот буџет, пренесува Либертас.

-Кај вториот случај, односно втората компанија, е интересен моментот што неговата дејност се менува по извесен период. Значи претходно се занимавал со сосема друга дејност. А со промената на самата дејност што ја извршува, тогаш влегува и станува достапен за првиот и за третиот случај за да го внесат во таа шема. Нема ниту лиценца, ниту складишен простор за чување на нафта, ги нема основните потреби кои што треба да ги има една нафтена компанија за да се занимава со трговија со нафта на големо и мало. При увидот на лице место, ние не сме констатирале дека таму постои бензинска пумпа воопшто“, истакна Лукаревска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.