ЛУКАШЕНКО СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СВЕТОТ: „КОНФЛИКТОТ ШТО ИЗБУВНА ВО УКРАИНА НЕ Е НИШТО, ЌЕ БИДЕ МНОГУ ПОЛОШО, СЛЕДУВА МАСАКАР, СЛУШАЈТЕ МЕ, ЗНАМ ШТО ЗБОРУВАМ!“
„Во Украина нема ниту еден белоруски војник, ниту еден куршум не е испукан од нас!“, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, по гласањето на референдумот за промена на уставот што денес се одржува во таа држава.
„Таму нема наши војници. Разговарав со Емануел Макрон за тоа минатиот ден. Му кажав дека таму немам војници, нема испукано белоруски куршуми“, потенцираше Лукашенко, објаснувајќи дека „тоа не и треба на Русија“.
Меѓутоа, Лукашенко потврди дека ракетите биле лансирани од територијата на Белорусија кон позициите во Украина, но дека тоа, како што вели, бил принуден чекор.
Пронајдете не на следниве мрежи: