Легендарниот хрватски репрезентативец Лука Модриќ е на залезот на својата богата фудбалска кариера и актуелната сезона во дресот на Реал Мадрид треба да му биде последна, а одамна се посвети на работи кои не се поврзани со фудбалот.Модриќ очигледно многу добро размислува за својата иднина, па решил да инвестира во недвижнини, а хрватските медиуми веќе го нарекуваат „крал на недвижностите“ по неговиот последен потег.Имено, Модриќ решил да купи уште три луксузни апартмани во околината на кампот на Реал Валдебеваса, а за секој обезбедил паркинг место, пишува 24сата.хр.Така само ја збогати својата колекција на недвижности која почна да ја гради пред неколку години, кога стана сопственик и на агенцијата за недвижности „Modric Family SL“.Тој инвестираше уште шест милиони евра за купување на три стана во Мадрид, а Модриќ гради и свој хотел на земјиште кое се простира на 941 квадратен метар.Тоа земјиште го купил пред две години и се работи на изградбата на хотелот. Компанијата за недвижности на Модриќ на крајот на 2022 година имала имот во вредност од 14,7 милиони евра, а повеќе од половина од таа сума е за долгорочни средства кои ќе се користат долго време.Како застапник на компанијата се јавува сопругата на Модриќ Вања, а вреди да се напомене дека неодамна купиле луксузен имот во Загреб од 220 метри квадратни. Станува збор за стан на врвот на нова зграда на улица Ткалчиќева.
Пронајдете не на следниве мрежи: