Дубаи е познат по својата уникатна убавина, светски познати градби, високи згради и луксузни хотели кои ќе ве остават без здив со својата убавина и изглед.
Еве неколку, кои сигурно би го привлекле вашето внимание.
1. Хотелот „Burj Al Arab“, ќе го запре вашиот здив при првиот поглед. Поседува луксузни дво спратни апартмани. Секој спрат има своја рецепција, и тим на вработени кои се постојано тука за своите гости.
2. „Qasr Al Sarab“ пустинскиот ресорт, е еден од најубавите луксузни палати во Дубаи. На гостите им се нуди беспрекорна услуга од страна на вработените, соби со поглед кон пустината и бесплатен базен.
3. „Shangri-La“ хотелот, нуди прва класа луксузни соби со рафиниран амбиент. Има 302 соби со прекрасен декор и уметнички дела. Се наоѓа во центарот на Дубаи, погоден за шопинг.
4. „Al Qasr“ хотелот, има 292 соби уредени според класичниот арапски амбиент и 25 метарски базен и воден парк за помладите.
5. „Bab Al Shams“, поседува 113 соби, три базени, осум ресторани и барови.